ПСЖ го промовира играчот кој требаше да биде замена за Кеси во Милан

Пари Сен Жермен го комплетира трансферот на Ренато Санчес од Лил за сума од 15 милиони евра. Португалскиот играч за врска потпиша петгодишен договор со францускиот првак претставувајќи замена за Џини Вајналдум, кој од денес е нов член на Рома.

https://twitter.com/PSG_English/status/1555243535028420609

ПСЖ е втор гигант за кој ќе игра Санчес, откако не му успеа во Баерн Минхен како тинејџер и освојувач на наградата Голден бој. Лил му ја оживеа кариерата, со Данските доги пред две сезони ја освои титулата во Франција.

Инаку, Санчес требаше да заврши во Милан, пополнувајќи го местото на Франк Кеси, меѓутоа Росонерите ги пролонгираа преговорите со Лил, а ПСЖ во вистински момент го украде трансферот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести