ПСЖ ја одложи прославата за шампионската титула

ПСЖ не ја оправда фаворитската улога и ремизираше против Стразбур со конечни 2-2. „Светците“ за првпат сезонава не успеаја да слават на домашен терен, а потребна им беше победа за и официјално да бидат старо-нови шампиони на Франција.

Чупо-Мотинг ја затресе мрежата на гостите во 13-тата минута, но Да Коста и Гонкалвес приредија изненадување на „Паркот на принцовите“ и имаа предност од 1-2 по првите 45 минути. Дури во 82-рата минута ПСЖ успеа да израмни преку Керер, а до крајот на мечот иако направија опсада пред голот на Селс, не можеа по третпат да ја стресат мрежата на Стразбур.

Од овој меч еден момент ќе остане запаметен. Се играше 28-мата минута при резултат од 1-1, кога Чупо-Мотинг направи невидена глупост и му попречи на својот соиграч Нкунку да постигне гол, со кој ПСЖ многу веројатно ќе стигнеше до посакуваната победа и математички ќе ја обезбедеше титулата.

По 31 натпревар во Лига 1, ПСЖ (81) има 20 бода предност во однос на второпласираниот Лил (61) на табелата, додека Стразбур остана на деветтото место со 43 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести