ПСЖ како да бира од каталог: Не го сакаме Гриезман, туку Дембеле да биде вклучен во трансферот на Нејмар

Барселона го понуди Антоан Гриезман во пакет и плус кеш за да го врати Нејмар, меѓутоа ПСЖ не сака да го ангажира ексиграчот на Атлетико Мадрид. Светците повеќе би биле задоволни доколку го добијат Усман Дембеле, а наводно и Самуел Умтити може да биде вклучен во трансферот.

Имено, францускиот првак ги бара двајцата репрезентативци на Триколорите, плус 80 милиони евра во кеш за да му дозволат на Нејмар да се врати на „Камп ноу“.

Во меѓувреме гигантот од Париз врши дополнителен притисок со тоа што му понуди нов договор на Нејмар со вртоглава годишна плата од 50 милиони евра, па така Барселона нема многу време и избор во обидот да го засили нападот со поранешната ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести