ПСЖ ќе го осакати Лацио

Пари Сен Жермен уште сега се подготвува за летен шопинг во кој најверојатно ќе биде сменет и тренерот Томас Тухел. Оперативецот за трансфери Леонардо го сврти вниманието кон Рим, поточно кон Лацио од каде што ќе се обиде да ги присвои услугите на Симоне Инзаги, но и на двајца клучни играчи на Лацијалите.

На Светците им е потребно засилување во средниот ред, па изборот се падна на Сергеј Милиноквиќ-Савиќ, српскиот репрезентативец кој е константен веќе неколку сезони. Исто така францускиот првак покажа интерес за црногорскиот десен бек Адам Марушиќ, како бек-ап опција за Мение. Целиот пакет би можело да ги чини Парижаните повеќе од 100 милиони евра, а најголем дел од средствата ќе издвојат токму за српскиот играч за врска кој е високо ценет на трансфер пазарот.

Елиминација од Б. Дортмунд во Лигата на шампионите дефинитивно ќе значи отказ за Тухел, додека негативен сегмент за евентуален ангажман на Инзаги е тоа што Италијанецот работел само во Серија А, откако беше промовиран од младинските категории во тренер на првиот тим на Лацио.

- Оглас -

Најнови вести