Екипата на ПСЖ наскоро ќе испрати понуда до Њукасл за купување на фудбалерот кој игра на позицијата последен играч за врска, Бруно Гимараеш. „Светците“ се подготвени да платат 115 милиони евра за бразилскиот репрезентативец кој поседува и шпански пасош.
Од Њукасл немаат ништо против да го продадат фудбалерот, со оглед на проблемите кои ги имаат со финансискиот фер-плеј. Доколку се реализира трансферот, тоа за Гимараеш ќе значи и враќање во Франција после само две години, бидејќи неговата прва дестинација во Европа беше токму француски Лион, каде дојде во 2020-тата за 20 милиони евра од Атлетико Параненсе.
26-годишниот бразилецот пред точно две години направи трансфер од Лион во Њукасл за 42.1 милиони евра, а неговата моментална вредност е 85 милиони евра. За „кариоките“ има одиграно 18 натпревари.