ПСЖ ќе му се реваншира на Монако

Милан – СПАЛ (Фудбал, Италија куп, 18.00 часот)

Милан со Ибрахимовиќ почна да бележи подобри резултати со кои ќе се намали срамот од поразот од 0-5 против Аталанта. СПАЛ е последен на табелата во Серија А, има добиено само едно од псоледните десет гостувања, па нема дилеми дека тука Милан е фаворит за пласман во четвртфиналето во кое би играл со Торино. Овие два тима играа на „Сан Сиро“ и во октомври, Росонерите славеа со 1-0. СПАЛ не само што никогаш не го победил Милан, туку немал ни нерешено.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

Јувентус – Удинезе (Фудбал, Италија куп, 20.45 часот)

Јуве е во добар ритам, ја победи Рома на гости, пред тоа беше ефикасен дома против Калјари, па на Удинезе кој губеше на последните четири гостувања кај најтрофејниот италијански тим во Торино, не му се пишува добро. Сепак, и Удинезе е во победничка серија од три триумфи по ред, па Несторовски и другарите ќе се обидат да приредат сензација во купот. Јуве нема пораз на свој терен сезонава, и последните пет дуели со Удинезе ги добиваше со барем два гола разлика.

Предлог тип: ГГ (2.12)

 

Манчестер ј. – Вулверхемптон (Фудбал, Англија ФА куп, 20.45 часот)

Првиот меч заврши без голови, сега се игра на „Олд Трафорд“ каде Црвените ѓаволи останаа непоразени на 19 од последните 21 меча. Вулфс после ремито со Јунајтед, одиграа нерешено и со Њукасл. Проблем на Волците е лошата ефикасност, дадоа само два гола во последните четири меча. На гостински терен не се толку опасни, а против Манчестер на гости не славеле повеќе од 20 години иако на стартот на минатата сезона извлекоа 1-1.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Монако – ПСЖ (Фудбал, Франција, 21.30 часот)

Пред неколку дена Монако одигра 3-3 со ПСЖ во Париз, па сега парижаните ќе сакаат да се реваншираат. Монако од 2016 не знае за победа над Светците. Со победа, ПСЖ би се одлепил на осум бода пред Марсеј, а победа за Монако ќе значи скок на четврто место. ПСЖ игра доста ефикасно во последно време, на нивните последни осум меча во сите натпреварувања, секогаш паѓаа барем четири гола.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.76)

 

Исланд – Унгарија (Ракомет, ЕП, 18.15 часот)

Дуелот на непоразените во групата Е во Малме, би требало да биде неизвесен. Унгарците одиграа нерешено со Данска, минимално славеа над Русија, па мора да бркаат победа против силниот Исланд кој веќе има две победи. Верувале или не, Исланд на последните четири меча против Унгарија, секогаш даваше ни повеќе ни помалку, туку 27 голови.

Предлог тип: 1 (1.42)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

 Манчестер јунајтед – Вулверхемптон 1Х & ГГ (2.35)

 Јувентус – Удинезе 1 & 2-4 (2.05)

 Монако – ПСЖ 2 & Т2 3+ (2.20)

- Оглас -

Најнови вести