ПСЖ ќе му се заблагодари на Покетино и на крајот од сезоната ќе започне преговори со француската легенда

Раководството на Пари Сен Жермен и дефинитивно нема да ја продолжи соработката со Маурицио Покетино по крајот на оваа сезона.

Елиминацијата од Ница, но и лошата игра што ја има тимот од Париз во последниве неколку месеци е јасен сигнал за управата да не му го продолжи договрот.

Зинедин Зидан е првата желба на Насер Ал-Келаифи и веќе во наредните денови се очекува двете страни да започнат преговори.

Зидан во моментов е слободен агент откако замина од Реал Мадрид, каде што во двата наврати откако седна на клупата, успеа да освои три трофеи од Лигата на шампионите едоподруго.

- Оглас -

Најнови вести