ПСЖ ќе се рехабилитира после поразот против експертите за нерешено

1809 Баер Л. – Б. Дортмунд (17.30 часот)

Фармацевтите се во одлична победничка серија, имаат пет победи по ред, а Борусија има две победи по ред. Тимот од Дортмунд сезонава во досегашните 17 меча во лигата, само еднаш одигра нерешено, а Баер има три ремија. Сезонава во Германија се игра супер ефикасно, ретко кој меч завршува со помалку од три гола, но во август во Дортмунд, беше само 1-0 за Борусија. Пред тоа, нивните меѓусебни дуели одеа и до 7+ голови, со задолжително тресење на двете мрежи.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.73)

 

3010 Лацио – Фиорентина (18.00 часот)

Лацио оди по третата победа по ред, а Фиорентина ако загуби, тоа за нив ќе биде трети пораз во низа. Римјаните се борат за излез на европска сцена, а проблем може да им биде отсуството на повредениот Имобиле, иако без него го разбија Милан во претходното коло. Во последните две кола, Лацио нема примено гол, а Виолетовите немаат дадено. На претходните три меѓусебни дуели, Лацио победуваше против Фиорентина без да прими гол.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.85)

 

1710 ПСЖ – Ремс (20.45 часот)

Ова е дуел на два клуба кои во минатото играле финале за европска титула, а сега ПСЖ е далеку пред Ремс, и не би смееле да киксираат домашните. Светците од Париз се први на табелата, но имаат два порази во последните три кола. Ремс се специјалисти за нерешени резултати, имаат дури десет ремија во 19 кола. Ремс уште од септември нема лигашки пораз, но на последните шест дуели против ПСЖ во сите натпреварувања, нема дадено гол.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.65)

 

3612 Наполи – Рома (20.45 часот)

Разликата во бодови е 13, Мурињо веќе им ја честиташе титулата на наполитанците, но Рома нема да оди со бело знаме. Наполи доби 16 од 19-те меча сезонава, има најефикасен напад, најцврста одбрана. Но, и Рома е во добра форма, не знае за пораз уште од 6-ти ноември. Во претходните четири меѓусебни дуели на овие екипи, беше неефикасно со 0-2 гола. Рома во 2018 година за последен пат победи во Неапол.

Предлог тип: 2>1 (1.98)

 

1309 Реал Мадрид – Р. Сосиедад (21.00 часот)

Актуелниот првак е на шест бода негатива зад Барса, а Сосиедад е само три бода зад Реал Мадрид, кој има и еден меч помалку, па ова е дерби на колото во Шпанија. Мадриѓаните како домаќини, се фаворити, но имаат многу проблеми со отсуства во одбраната особено на бековските позиции, а долга листа на повредени има и тимот од Сан Себастијан. Реал Мадрид во минатото коло победи баскиски клуб, а Сосиедад победи мадридски противник, па ќе биде интересно и вечерва.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

- Оглас -

Најнови вести