Барселона понудила сума од 100 милиони евра и плус Кутињо за услугите на Нејмар, но од ПСЖ ова било одбиено и барањето било Кутињо и 140 милиони евра. Ова го шпекулираат француските медиуми, кои тврдат дека разводот на Неј со Светците е неизбежен и дека Барса никогаш не била поблиску до него.
Од друга страна, каталонските медиуми имаат поинаква верзија дека ПСЖ освен Кутињо, го бара и десниот бек Семедо. Од Барселона не биле расположени за таква трампа, особено што ПСЖ многу ефтино го проценувал Семедо.
И Реал Мадрид е вклучен во приказната, се шпекулира дека мадриѓаните би сакале да го земат Бразилецот на позајмица, со тоа што следното лето би требало да го откупат целосно. Нејмар сака да си оди од ПСЖ, испраќаше сигнали и до Реал, но можеби тој ги користи Кралевите само за да ги натера во Барселона да ја забрзаат работата. Доколку Барса дефинитивно се откаже од него, веројатно тогаш Реал би стапил на сцена и би бил фаворит за негово ангажирање.