ПСЖ победува и без триото Нејмар-Мбапе-Кавани (видео)

ПСЖ без поголеми проблеми ги освои трите бода на гостувањето кај Мец при конечен резултат од 0-2. Францускиот првак постепено ја поправа формата, па иако без ѕвезденото трио на Нејмар, Кавани и Мбапе на теренот, тимот на Томас Тухел ја оствари посакуваната цел.

По 11 минути игра гостите поведоа по прецизниот удар на Ди Марија од белата точка, а пред паузата Чупо Мотинг зголеми на 2-0 користејќи ја шансата да продолжи со голгетерската форма во отсуство на главните играчи.

https://twitter.com/MovGev9/status/1167519910651674624

- Оглас -

Најнови вести