Навивачите на ПСЖ на мечот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид истакнаа транспарент преку целата трибина, на кој пишуваше „слобода за Палестина“, а под транспарентот пишуваше „војна на теренот, мир во светот“.
Ова не им се допадна на раководството на „светците“, но и на властите во Франција, па веднаш беа одржани низа на состаноци и се разгледуваа опции како да се спречат вакви транспаренти во иднина. Одлуката на ПСЖ е да им забрани влез на стадионот на ултрасите до крајот на оваа сезона, но ќе им биде забранет и пристап до стадионот и во деновите кога нема натпревари.
Ова е со цел да се спречи внесување на вакви трапспаренти, а ќе бидат засилени и мерките за проверка на влезовите на стадионот. Ваквата одлука сигурно дека ќе предизвика гнев кај навивачите, но и кај француската јавност.