ПСЖ пропушти шанса да го доведе Дембеле за 50 милиони евра, сега трансферот е двојно поскап

Пари Сен Жермен е во офанзива да го доведе Усман Дембеле од Барселона, но францускиот првак направи еден кикс. На полноќ истече периодот според кој откупната клаузула на Дембеле е 50 милиони евра, па од 1 август доколку некој клуб сака да го купи овој играч на Барселона, ќе мора да плати 100 милиони евра.

Како главен виновник за пропаѓање на реализација на овој трансфер за вредност од 50 милиони евра се сомничи менаџерот на Дембеле, Муса Сисоко. Според пишувањата на реномираниот „Атлетик“, Сисоко намерно го саботирал трансферот на Дембеле во ПСЖ затоа што ако тој се реализирал само за 50 милиони евра, менаџерот ќе добиел многу помала сума од провизијата.

Според договорот на Дембеле со Барселона, доколку сега некој клуб сака да го купи, ќе мора да плати 100 милиони евра, сума која би можела да биде намалена само ако има согласност од каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести