ПСЖ се откажа од својот капитен, Тијаго Силва си оди од Париз после осум години

Францускиот шампион Пари Сен Жермен го известил својот капитен Тијаго Силва дека нема да му го продолжат договорот и ова значи дека бразилскиот ветеран, кој од 2012 година е во редовите на Светците, ќе си замине од клубот по завршувањето на Лигата на шампионите. За овие осум години во ПСЖ, Тијаго Силва освои седум титули во Франција.

Тијаго Силва во ПСЖ дојде од Милан и повторно клубот од Милано се спомнува како можна идна дестинација за искусниот дефанзивец, а интерес за него има и од англискиот премиерлигаш Евертон, чиј тренер е Карло Анчелоти, стручњак кој го има тренирано Силва во ПСЖ и Милан.

Пред некој ден Тијаго се фотографираше со дрес на бразилскиот Флуминенсе со неговото презиме на грбот и со членка картичка, но тешко дека уште летово ќе се врати да игра во родната земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести