ПСЖ се разочара од ветеранот Буфон, бара нов голман

Францускиот првак ПСЖ веќе почна да размислува за доведување голман за следната сезона откако ветеранот Џанлуиџи Буфон воопшто не се прослави на дуелот со Манчестер јунајтед и со свој кикс придонесе тимот да биде елиминиран.

Буфон иако има 41 година, уште важи за еден од подобрите голмани во светот, но во кариерата нема освоено ЛШ, а грешката против англискиот тим дополнително му ги намали шансите за остварување на сонот дека некогаш ќе го подигне „ушлестиот“ трофеј.

Во ПСЖ не им е предизвик француската лига, во која се предоминантни, потрошија над милијарда евра за да ја освојат Европа, но не можат да стигнат ниту до четвртфинале, камоли до титула.

Во клубот се решени со многу богата понуда да го привлечат Јан Облак. Ако Словенецот од Атлетико Мадрид премине во ПСЖ, тогаш Буфон или ќе треба да бара нов клуб или ќе се помири со улогата на резерва во парискиот тим. Договорот на Облак со Атлетико е до 2021 година, а двете страни се блиску до продолжување на договорот, но додека тоа не биде потпишано, ПСЖ нема да се откаже од намерата да го купи Словенецот.

Воедно, управата на „светците“ работи на продолжување на договорот со тренерот Томас Тухел, а Ал Келаифи уште вчера потврди дека германскиот стратег ја има целосната поддршка од клубот и дека не му е загрозена работата по раната елиминиција во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести