ПСЖ со дресови во чест на Нотр Дам стана шампион на Франција

Пари Сен Жермен и официјално денеска ја освои осмата титула во француското првенство. „Светците“ на триумфален начин со победа од 3-1 против Монако го прославија новиот трофеј.

Килијан Мбапе, кој не играше во претходното коло поради клупска суспензија, се врати на теренот и покажа дека е главен играч. Мбапе ги даде сите три гола во мечот кој беше посветен на легендарната катедрала Нотр Дам. ПСЖ на овој меч на своите дресови од предната страна ја имаа макетата од оваа катедрала, која неодамна беше речиси уништена во голем пожар.

ПСЖ е доминантен клуб во Франција во последниве неколку години. Во последниве седум години, ПСЖ има освоено шест титули, а единствено доминацијата им беше прекината во 2017 година, кога шампион стана токму нивниот денешен ривал, Монако.

- Оглас -

Најнови вести