ПСЖ со играч помалку до сефте победа во Лига 1

ПСЖ закрепна по двата порази на стартот од сезоната и со играч помалку триумфираше со минимални 1-0 против Мец. Дракслер ги спаси Светците од ново разочарување дури во третата минута од судиското надополнување поставувајќи ги конечните 1-0 во Париз.

Францускиот првак од половина час играше со 10-мина фудбалери, откако Дијало заработи втор жолт картон и ги остави соиграчите на цедило. Во отсуство на ѕвездите Нејмар и Мбапе, ПСЖ едвај дојде до првите бодови во Лига 1.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести