Во првиот натпревар од шестото коло на француската лига, Пари Сен Жермен без поголеми проблеми го совлада Рен со 3-1 на својот „Парк на принцовите“.
Ова беше успешна генерална проба за парижаните пред мега дуелот со Арсенал од Лигата на шампионите во вторник вечер во Лондон.
После шест кола во лигата, Светците се први со скор од пет победи и едно реми.
Бредли Баркола даде два гола вечерва и сега има 6 голови (просек од еден по натпревар) на своето конто и е најдобар стрелец во Лига 1.