ПСЖ заборавил кога не ја завршил годината како лидер, сега не е ни втор во Франција

Лил и Пари Сен Жермен одиграа дерби без голови во Лига 1 во Франција, па позициите им останаа исти. Лил е лидер со 33 бода, сега заедно со Лион, а ПСЖ е зад него со бод помалку и само со уште еднаш шанса да ја заврши годината на врвот во домашното првенство.

На 23 декември ќе се игра последното коло во францускиот шампионат за оваа година, а ПСЖ треба да го победи Стразбур и да чека киксови на водечкиот тандем, Лил и Лион, за да биде на местото на коешто беше најчесто во последната деценија.

Во последните 8 изданија на Лига 1, Светците не беа шампиони само во 2016/17, а тогаш тронот им го одзеде Монако. И во сите 7 циклуси кога беа прваци, годината ја завршуваа како првопласирани, што веројатно нема да биде случај и во 2020 година.

Лил ќе му гостува на Монпелје во среда, а Лион истата вечер ќе му биде домаќин на Нант, што ја прави задачата на ПСЖ уште потешка за да ги престигне двата ривали во финишот на годината.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести