ПСЖ загуби од директниот ривал за титулата, Нејмар доби црвен картон (Видео)

Пари Сен Жермен уште една покажа дека не е веќе толку убедлив во француското првенство, откако денеска загуби на свој терен од директниот ривал за титулата, екипата на Лил. За ПСЖ ова е веќе петти пораз сезонава на свој терен, во 16 средби.

Младиот кандарски напаѓач Џонатан Давид погоди во 20 минута за водство на гостите и на крајот се покажа дека тоа е и конечен резултат. Лил со овие три бода сега е нов лидер во првенството и има 66 бодови, додека ПСЖ остана на 63. Монако е трет со 62 бодови, а во трка за титулата е и Лион кој има 60 бода и меч помалку.

ПСЖ играше со максимално напаѓачки состав во кои беа Нејмар, Мбапе, Кејн и Ди Марија, но од 16-те упатени удари кон голот на гостите, само три беа во рамките на голот, но ниту еден не заврши во мрежата.

Во последните моменти од средбата, нервозниот Нејмар заработи и црвен картон, откако имаше дуел со Џало, кои исто така беше исклучен.

https://twitter.com/i/status/1378390137894277120

 

- Оглас -

Најнови вести