Публиката се враќа во Серија А уште од следната недела?

Претседателот на Серија А, Паоло дал Пино, изрази надеж дека од следниот месец навивачите ќе се вратат на трибините на стадионите во Италија. Според него, кризата со корона-вирусот придонела за големо заедништво во италијанскиот фудбал, а камбекот на фановите би бил постепено во етапи и би почнал во месецот кој доаѓа за два дена.

Во Италија најлошото од пандемијата помина, бројот на заболени и починати е многу мал, па затоа се охрабрија да ги отворат кината и театрите кои се затворени простори и нема зошто да не се отворат и стадионите, со држење на дистанца.

„Мора да бидеме трпеливи, но убедени сме дека ако здравствената ситуација продолжи да се подобрува, постепеното враќање на навивачите на стадионите е реалност. Тоа можеби ќе почне да се случува во јули“, вели Дал Пино, кој додаде дека единството е како никогаш порано и ги нема тензиите како порано.

- Оглас -

Најнови вести