Пујол целиот крвав само за да спаси една топка на тенис

Легендарниот дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол ги уплаши своите фанови, откако објави фотографија на која е крвав во рацете и нозете. Пујол кој во кариерата беше познат како фудбалер кој „гинеше“ на теренот, едноставно продолжува во исто темпо, дури и кога се работи за обичен тениски меч со пријателите.

Пујол се обидел да спаси една топка, но не успеал да застане пред стаклената врата и поминал низ нејзе. Од скршените стакла, Шпанецот заработил посекотини по рацете и нозете, но за среќа ниедна повреда не била посериозна. На фотографиите објавени по несреќата, Пујол самиот себе се запрашал дали некогаш не научи да се исконтролира на теренот и да не „гине“ како во времето кога беше професионалец.

Некогашниот капитен на Барселона е пример за тоа како се игра со срце и како не се штедел додека бил на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести