Пуки пукна јак волеј, го остави очајниот Њукасл без победа во Премиер лигата (Видео)

Тему Пуки со одличен волеј во 79-тата минута му донесе еден бод на Норвич во дербито на дното во Премиер лигата против Њукасл, тим кој остана без триумф и по 14-тото коло во англиското првенство.

Мечот заврши нерешено 1:1, а домаќините беа на прагот на подвиг и прва победа во оваа сезона и поведоа со голот на Вилсон од пенал во 61-вата минута, иако од деветтата играа со фудбалер помалку.

На стартот од мечот беше исклучен Кјеран Кларк, а Њукасл и без него и со играч помалку водеше од 61-вата минута, но Пуки ги спречи да се радуваат на првиот триумф во Премиер лигата.

Њукасл остана на последното место само со 7 бода, а Норвич е две места погоре со 10 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести