Пукна најавената бомба, Мурињо и официјално е нов тренер на Тотенхем!

Жозе Мурињо е нов тренер на Тотенхем. Клубот утрово и официјално ја објави веста преку соопштение на клупската интернет-страница. Португалецот го наследува Маурисио Покетино, кој синоќа беше разрешен по одлуката на Бордот на директори.

„Задоволни сме што можеме да објавиме дека го назначуваме Жозе Мурињо за тренер на тимот, со договор до крајот на сезоната 2022/23. Жозе е еден од најтрофејните тренери на светот со 25 пехари. Ги има водено Порто, Интер, Челзи, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, еден од тројцата што освоиле ЛШ со два различни клуба и има три титули во Премиелигата“, се пофалија од Тотенхем.

Мурињо изјави дека е среќен што ќе работи во клуб кој има добри фудбалери и во првиот и во младинскиот тим и клуб со пасионирани навивачи.

- Оглас -

Најнови вести