Пукна петарда на „Бернабеу“, настрада Леганес (видео)

 

Реал Мадрид со убедливи 5-0 против Леганес се врати во победнички погон. Кралевите максимално се погрижија трите бода да останат на „Сантијаго Бернабеу“, па се вратија на втората позиција и го одржаа чекорот со лидерот Барселона.

Избраниците на Зинедин Зидан го започнаа шоуто во седмата минута преку Родриго, а веќе во следниот напад Реал зголеми на 2-0 преку Крос. Капитенот Рамос се запиша во листата стрелци од белата точка во 24-тата минута, а во второто полувреме и Бензема реализира пенал за веќе осигурениот триумф. Сепак, Јовиќ беше решителен да ги искористи 20-те минути на теренот, па го запиша дебитантскиот гол во кралскиот дрес во првата минута од судиското надополнување.

https://www.youtube.com/watch?v=F8HlvpmAr3o&feature=youtu.be

https://www.dailymotion.com/video/x7nasus

https://twitter.com/LoveFoot13/status/1189664192342700037

- Оглас -

Најнови вести