Пул игра како луд по нокаутот од Грин на тренингот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден стејт вориорс загубија со 124:121 од Лос Анџелес лејкерс во подготвителниот натпревар пред стартот на за новата сезона.

Тренерот на Лејкерси, Дарвин Хем одлучи да им даде одмор на Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Денис Шрудер, а во тимот беше Ентони Дејвис, но и тоа беше доволно да се совлада шампионот кој сметаше на Стеф Кари, но и на Џордан Пул чија игра и лице беа во центарот на вниманието на јавноста.

Минатата недела Пул доби брутален нокаут од соиграчот Дрејмонг Грин за време на тренинг на воините, а сега младиот кошаркар за прв пат се појави во јавноста и одигра одличен натпревар.

За три четвртини колку што помина на теренот, Џордан Пул постигна 25 поени со што беше најефикасен во својот тим, додека Кари постигна поен помалку.

https://youtu.be/tykgGcFzmFk

- Оглас -

Најнови вести