Пулев објасни зошто ја бакнал новинарката во уста

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев, кој несакајќи стана негативна ѕвезда во светски рамки со бакнежот во устата на новинарката Џенифер Равало, позната како Џени Суши, на која ѝ даваше изјава, рече дека тоа го направил во момент на еуфорија по победата и дека Џени му е пријателка.

Џени рече дека моментот бил чуден и малку засрамувачки, но со насмевка го испрати боксерот. Пулев не се извини, туку објасни дека Џени му е пријателка која била и за славеничката забава по борбата.

„Можеби видовте видео на кое ја бакнувам новинарката по интервјуто. Џени е моја пријателка, а јас бев восхитен по победата и одлучив да ја бакнам. Потоа и таа дојде на забавата на која со моите пријатели ја славевме победата. На видеото се гледа дека се смееме, немам што да додадам на таа тема“, напиша Пулев на Инстаграм.

Пулев уште е во конкуренција да биде предизвикувач на актуелниот светски првак Ентони Џошуа.

Има и такви што бараат на Пулев да му се забрани да боксува професионално и да биде казнет за сексуално тормозење.

https://twitter.com/i/status/1109932458584100864

- Оглас -

Најнови вести