Малерозниот Пулишиќ не игра против Баерн, пак ќе паузира долго поради повреда

Кристијан Пулишиќ играше одлично по рестартот на сезоната за Челзи и кога беше во топ-форма, повторно се повреди, по што му следи пауза од 4-5 недели.

Американецот нема дерман од повреди, а сезонава веќе вторпат е во аут. Во декември лани непосредно пред дербито со Арсенал се повреди и паузираше 7 месеци, делумно и поради пандемијата со Ковид-19.

Ја искористи речиси четиримесечната пауза кога не се играше фудбал и се врати со рестартот на сезоната, но пак се повреди на мечот од финалето на ФА купот против Арсенал.

Кристијан со пет гола и одлични игри во пост-корона ерата беше еден од најзаслужните за пласманот на Челзи во Лигата на шампионите, но нема да ја вкуси магијата на ова натпреварување повторно во актуелниот циклус.

Челзи треба да игра реванш против Баерн во осминафиналето на 8. август, ќе биде без Пулишиќ и Педро, веројатно и без Аспиликуета, па би било чудо да приреди подвиг, кој ќе беше неверојатна мисија и со комплетен состав по поразот од 0:3 на „Стемфорд Бриџ“.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести