Пулишиќ со перфектен хет-трик урна рекорд на Абрахам кој траеше само 42 дена (видео)

Челзи влезе во победнички ритам и ја оствари четвртата победа во низа во англискиот шампионат, откако Сините го растурија Барнли со убедливи 4-2 на „Турф Мур“. Фантастичното издание на Кристијан Пулишиќ и неговиот перфектен хет-трик ги донесе новите бодови за екипата на Френк Лампард, а воедно Американецот оствари нов клупски рекорд.

Имено, Пулишиќ сега е најмлад играч на Челзи кој постигнал три гола на еден меч со 21 години и 38 дена, и така го надмина рекордот на Тами Абрахам кој траеше само 42 дена. Скапото засилување на Сините два од нив реализираше во првото полувреме откако искористи две грешки на домашната одбрана, за во 56-тата минута да зголеми на 3-0. Набрзо по третиот погодок на Пулишиќ, Вилијан заби за високи 4-0, додека Родригес и Мекнил за само три минути во финишот ја вратија возбудата на мечот намалувајќи на 4-2.

Челзи инаку, постави рекорд во Премиер лигата како прва екипа која остварила четири гостински победи во низа со три или повеќе постигнати погодоци.  Серијата започна кај Норвич со конечни 3-2 во корист на шестткраниот англиски првак, па 5-2 кај Вулверхемптон и 4-1 против Саутхемптон.

https://twitter.com/OptaJoe/status/1188152950725758976

 

https://twitter.com/flowsvg/status/1188139877478649858

https://twitter.com/Flow_BVI/status/1188149856680005632

https://www.dailymotion.com/video/x7n33u5

- Оглас -

Најнови вести