Путин, Трамп и Берлускони го „гледаа“ мечот Тун – Спартак Москва (Видео)

За време на натпревaрот помеѓу Тун и Спартак Москва (рускиот тим победи со 3-2) од квалификациите за Лига Европа, на трибините, во делот кај гостинските фанови од Русија, имаше неколку луѓе кои носеа маски и картони со ликовите на познати политичари.

Така, на трибините во Швајцарија можеа да се видат маски со ликовите на Силвио Берлускони и Доналд Трамп, а истиот човек кој беше маскиран во претседателот на САД, држеше картон со ликот и телото во природна големина на рускиот претседател Владимир Путин.

Лицата задолжени за безбедност и ред на стадионот, му ги одземаа маската и картонот, по што му беше дозволено да се врати на трибина. Еве како изгледаше реакцијата на редарите:

- Оглас -

Најнови вести