Брзо, ефектно и романтично за Работнички – Со два гола за 9 минути Шкупи експресно падна во скопското дерби

Брзо, ефектно и романтично беше скопското дерби на игралиштето на ФФМ во Скопје, а Работнички со голови до деветтата минута го декласира Шкупи и се приклучи во трката за позициите што водат во еврокуповите.

Поранешниот играч на Шкупи, Кристијан Стојковски со гол во 32, секунда, еден од најбрзите сезонава во ПНФЛ најави изненадување, што со втор гол во деветтата минута го потврди Никола Прелчец.

Предводени од нивиот играч на италијанска Монца, Лука Станковски играчите на Работнички везеа на теренот и имаа уште неколку шанси катастрофално да го поразат фаворитот.

И Шкупи се обиде да намали, па и да се спаси од пораз, во отворена игра и одличен меч и тие имаа шанси за гол(ови), но не најдоа рецепт како да ја затресат мрежата на Јанков.

Во коло со неколку дерби мечеви Вардар и Струга Трим Лум ремизираа, 1:1 во Скопје, нерешено без голови заврши струмичкото дерби меѓу Академија Пандев и Беласица, а идентично беше и на градската пресметка во Тетово меѓу Шкендија и Ренова.

Пелистер го победи Борец со 1:0, идентично како и Македонија Ѓ.П. вчера во премиерниот дуел од 22. коло против Силекс.

Резултати, 22. коло:

Шкупи – Работнички 0:2, Вардар – Струга 1:1, Шкендија – Ренова 0:0, Пелистер – Борец 1:0, Беласица – Академија Пандев 0:0, Македонија Ѓ.П. – Силекс 1:0.

Табела: Шкендија 47, Шкупи 40, Македонија Ѓ.П. 38, Струга 33, Работнички 32, Борец 29, Пелистер 28, Вардар 27, Силекс и Ренова по 23, Академија Пандев 22, Беласица 13. 

 

- Оглас -

Најнови вести