Работнички и по три и пол години не знае за победа против Силекс

Работнички и Силекс со реми од 1-1 го отворија 20-тото коло, односно второто коло од пролетниот дел во Првата фудбалска лига на Македонија.

Силекс успеа да остане непоразен и во седмиот последователен меѓусебен дуел против Романтичарите, откако Галески со голот во 80-тата минута му донесе бод на тимот од Кратово. Работнички никако да го скрши проклетството кое трае од август 2018 година без триумф над Силекс, а за тоа ќе почека до наредниот дуел на овие две екипи.

По израмнетите сили во првото полувреме, Прелчец во 51-та минута конечно го проби бедемот на Кратовци, но тој гол не беше доволен за домаќините.

Работнички со ова реми остана на петтата позиција на табелата со 28 бода, додека Силекс е осми со 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести