Работнички реагира: Вардар нека добие помош од Град Скопје, но има и други клубови што заслужуваат финансиска поддршка

Фудбалскиот клуб Работнички реагира на потегот на Град Скопје да му додели финансиска помош на Вардар од околу 15 милиони денари, односно 250 илјади евра, одлука што ја изгласаа советниците во Град Скопје.

Романтичарите велат дека немаат ништо против помошта за Вардар, но потсетуваат дека во Скопје има и други клубови на кои им треба финансиска поддршка во тешки времиња, какви што се во моментов.

„ФК Работнички е фудбалски бренд од метрополата и Македонија воопшто, клуб формиран далечната 1937 година, кој гордо го носи епитетот Херојот од Дебар Маало. Поради тоа сметаме дека Градот Скопје треба да смогне сили и да најде начин да ги помага и другите клубови, посебно прволигашите кои имаат и европско педигре.

Во овој тежок период и останатите фудбалски клубови во Македонија имаат тешкотии во финансирањето, а ФК Работнички е единствениот клуб од Скопје кој своите натпревари ги игра на Арената „Тодор Проески“ и одвојува значителни средства за таа намена.

Би сакале да напоменеме дека ФК Работнички не е против одлуката да биде помогнат ФК Вардар, но не смее да биде само еден клуб привилегиран на сметка на сите останати. ФК Работнички во последните 15 години нема добиено никаква помош од Градот Скопје или која било друга градска институција“, вели извршниот директор на ФК Работнички, Иван Поповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести