Работнички ќе игра против ТФТ во полуфиналето на плејофот во македонскиот кошаркарски шампионат. Клубот со најмногу шампионски титули со 3-2 во победи го елиминира Пелистер, а вечерашната мајсторка во Скопје беше супер драматична.
Скопјани победија со 82-79, а јунак е младиот Андреј Шошкиќ, кој погоди тројка во последната секунда.
Работнички првата четвртина ја доби со 33-17, но битолчани во следните две четвртини целосно се вратија и во финишот беше тотално неизвесно.
Во последната минута имаше вистинска драма. Најпрвин Работнички упропасти контра во која Ѓуроски напртави фаул во напад, негов петти на мечот, а беше досудена и техничка на клупата. Костоски погоди за 77-76, но потоа ветеранот ја загуби топката и Шошкич со два плус еден му донесе предност на Работнички од 79-77. За Пелистер останаа 17 секунди за последниот напад. Антоан погоди и изедначи на 4 секунди до крај. Но, тука не беше крајот, Шошкиќ даде тројка за голема радост на Црвено-белите и нивните фанови.