Работнички тргна по седмица во Велес, Борец не го дава бастионот

Борец и Работнички денеска од 15 часот во Велес ќе го играат премиерниот меч од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините се непоразени на свој терен на двата дуели што ги одиграа оваа сезона, а и ланската ја завршија со триумф од 4:2 против Шкендија, па повторно ќе се обидат да го сочуваат бастионот во Велес.

Работнички е во серија од шест меча без пораз, сметајќи го и куп натпреварот со Влазрими што го добија со подобро изведување на пенали, па ќе се обидат да дојдат и до седмица.

Ова е и дерби на колото, барем според формата на двете екипи и позициите на табелата. Борец е на третото место со 11 бода и има одличен старт на сезоната, а Работнички со 9 бода полека, но сигурно фаќа приклучок со пет меча без пораз, по стартниот неуспех против Македонија Ѓорче Петров.

Утре во истиот термин од 15 часот се играат преостанатите пет дуели од 7 коло.

Двојки:

Сабота, 15 часот – Борец – Работнички

Недела 15 часот – Пелистер – Шкендија, Вардар – Беласица, Струга – Шкупи, Ренова – Македонија Ѓ.П., Акадремија Пандев – Силекс. 

 

- Оглас -

Најнови вести