Радески го реши „езерското дерби“

Фудбалерите на Струга ТЛ ја совладаа Воска во „езерското дерби“ со минимални 1:0 и се искачија на второто место на табелата.

Човек на одлука на заостанатиот меч од првото коло во Првата фудбалска лига беше Марјан Радески, кој голот вреден три бода за актуелниот шампион го постигна во 86-тата минута.

Ова беше петта победа за Струга ТЛ, која со 15 бода е на делба на второто место со Шкупи, додека лидерот Шкендија има еден бод повеќе.

Воска, пак, го доживеа петтиот пораз и по осум кола има седум бода.

 

- Оглас -

Најнови вести