Радио Каталонија најавува: Барселона – Наполи ќе се игра во Португалија?!

Реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Наполи можеби нема да се игра на „Камп ноу“ во Барселона, туку на неутрален терен во Португалија. Ова го тврди каталонското радио кое објави дека УЕФА сериозно ја разгледува оваа можност поради лошата епидемиолошка состојба во областа Каталонија.

Точно е дека има голем број заразени во Барселона и околината, но од друга страна, таму има многу странски туристи, па ако за туристите е безбедно, зошто да не се игра фудбалскиот меч, се прашуваат каталонските здравствени власти, кои веруваат дека сепак мечот за влез во четвртфиналето, каде што ги чека најверојатно Баерн, ќе се игра како што беше планирано, на најголемиот стадион во Европа.

Одлуката каде ќе се игра, треба да се донесе до крајот на неделава, бидеќи Барса – Наполи ќе се игра на 8 август и не останаа уште многу денови. Првиот меч заврши 1-1, па ако мора да се игра во Порто или Гимараиш, тоа може да биде проблем за Барселона, за која многу подобра опција е да си игра на својот терен.

Проблематичен е реваншот и на Манчестер сити со Реал Мадрид. Шпанците не смеат да патуваат во Велика Британија, но за оваа пригода ќе се направи исклучок, па мали се шансите и тој меч да се игра во Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести