Радосни вести за Барселона: Две ѕвезди остануваат, а завршен е и договорот вреден 55 милиони евра

Наредните неколку денови треба да бидат со повеќе добри вести за навивачите на Барселона, затоа што челниците на каталонскиот гигант треба да се пофалат со три добро завршени работи.

Според најавите, Усман Дембеле се согласил за продолжување на договорот и тоа за 40 отсто помала плата од таа што досега ја добиваше на „Камп Ноу“. Неколку месеци траеја преговорите меѓу фудбалерот и клубот, а на крајот Дембеле реши да остане и тоа најмногу по инсистирање на тренерот Чави, кој е еден од најзаслужните за враќање на добрата форма на играчот.

Договорот треба да биде потпишан на две години.

Дресот на Барселона во новата сезона останува да го носи и Френки де Јонг, за кого се шпекулираше дека ќе прави трансфер во Манчестер јунајтед. Освен Дембеле и Де Јонг кои остануваат верни на Барселона, во клубот се очекува пристигнување и на новото засилување, Бразилецот Рафиња.

Напаѓачот на Лидс треба да дојде во Барселона за трансфер од 55 милиони евра, плус 10 милиони во вид на бонуси. Бразилецот уште пред неколку месеци ги договори личните услови со клубот, но останува да се плати откупната клаузула која ја бара англискиот тим.

- Оглас -

Најнови вести