Радост во Атлетико: Мората и Коста се подготвени да ги тресат мрежите на „Камп Ноу“

Атлетико Мадрид ќе може да смета на двајцата стартни напаѓачи Алваро Мората и Диего Коста, за дербито против Барселона. „Јорганџиите“ вечерва ќе гостуваат на „Камп Ноу“ и ќе се обидат да направат изненадување, како би ја задржале неизвесноста во трката за титулата.

„Добри вести! Диего Коста и Алваро Мората добија дозвола од лекарскиот тим и ќе бидат подготвени за дуелот против Барселона“, стои во соопштение на официјалниот твитер профил.

Коста го повреди бутниот мускул во победата од 4:0 на Атлетико против Алавес и го пропушти дуелот против Жирона. На тој меч се повреди Мората, но најважно е дека сега и Алваро е подготвен.

Барселона има осум бода предност пред Атлетико Мадрид и со евентуален триумф на домаќините на „Камп Ноу“, разликата е двоцифрена.

 

- Оглас -

Најнови вести