Радост за Барди, победата му побегна на Димитриевски

Енис Барди се радува на нова победа на Леванте, прва по пет меча, а серијалот без триумф е прекинат против Валјадолид.

Барди стандардно играше од самиот старт на мечот и беше заменет по 76. минути игра, а Леванте победи со 2:0 со головите на Коке и на Роџер Марти.

Одличен почеток имаше и Столе Димитриевски на голот на Рајо Валјекано, а клубот од Мадрид експресно за шест минути од 22. до 28. поведе со 2:0 и потоа ја прокоцка предноста против Реал Сосиедад.

Димитриевски при и два гола до крајот на мечот, мрежата му ја затресоа Морено и Жозе Вилијан за реми, 2:2.

Рајо има 20 бодови на 18. позиција, последна која не обеб зедува опстанок во Ла Лига, а Леванте е десетти со 26 бодови.

- Оглас -

Најнови вести