Радост за Влхова во Чешка, Шифрин на чекор до Кристалниот глобус

Петра Влхова триумфираше во велеслалом трката која се одржа во Чешка во рамки од Светскиот куп. За словачката скијачка ова беше деветта победа во кариерата, односно петта оваа сезона. Влхова во првиод обид забелажа време од 1:12,59, додека во вториот обид беше побрза со 1:12,10.

Актуелната светска шампионка Микаела Шифрин, го освои третото место со вкупно време од 2:25,29 по двата обиди, па на една трка пред крај на шампионатот има предност од 97 бода на табелата во однос на денешната победничка. Американката ќе може стигне до Кристалниот глобус во по трката во Романија, која е закажана на 17-ти март.

Второто место на подиумот го завзеде германската скијачка Викторија Ресенбург, која оствари вкупно време од 2:24,80.

- Оглас -

Најнови вести