Радукану: Парите од победата на САД опен им ги дадов на родителите, тие нека ги чуваат

Младата Ема Радукану, која без загубен сет го освои САД опен, и приреди сензација каква не се памети, бидејќи пред турнирот беше дури 150-та на ВТА листата, па мораше да игра и квалификации, уште не знае што ќе прави со паричната награда која ја доби.

Радукану досега заработуваше само „ситно“, но освојувањето на грен-слем и донесе парична награда од околу 2 милиони евра, што за неа е убедливо рекордна заработка во кариерата, и за неа веќе нема зима.

„Ќе им ги оставам парите на родителите. Тие ќе ги чуваат за мене. Уште не сум била во шошинг. Секако ќе треба да платам и данок. Не сум ја ни погледнала мојата банкарска сметка“ – изјави 18-годишната Радукану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести