Рафаел Надал е тенискиот римски император

Рафаел Надал по деветти пат во кариерата е освојувач на Мастерс 1000 турнирот во Рим. Шпанецот во денешното финале, го совлада првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, со 6-0, 4-6, 6-1.

Во првиот сет се случи нешто невидено на досегашните нивни меѓусебни дуели (претходно одиграа 141 сет без 6-0), а тоа е некој да земе сет без загубен гејм. Новак покажа цврст карактер во вториот сет кога ја доби психолошката битка. Сепак, рано во третиот сет Надал направи брејк, ја презеде контролата врз мечот, и не му дозволи на Србинот да се извлече.

За Надал, ова е 81-ва титула во кариерата, а 58-ма на земјена подлога. Тенисерот од Мајорка немаше освоено турнир од август минатата година, и покажа дека подготвен влегува на „Ролан Гарос“.

Ова е последниот поен на финалето и грешката на Ѓоковиќ:

- Оглас -

Најнови вести