Рафална ќе биде битката меѓу Пеликаните и Мрежичките

8315 Tреј Јанг (Атланта хокс – Орландо меџик, 01:30ч)

Првата ѕвезда на Атланта игра доста променливо оваа сезона, односно во еден меч е прилично ефикасен, додека веќе во следниот неговиот учинок во поени е скромен. Така треба да биде во дуелот против Орландо, Јанг без многу да се троши да ѝ обезбеди победа на својата екипа, која е апсолутен фаворит во средбата.

Двете екипи нема да влезат во мечот со комплетен ростер, а на Магичните не им се даваат шанси за изненадување бидејќи останаа без лидерите во екипата, Вучевиќ и Гордон, кои патот до успехот го бараат на друго место.

Предлог тип: Јанг <24,5 поени (1.95)

 

8001 Њу Орлеанс пеликанс – Бруклин нетс (01:30ч)

Бруклин е разочаран што во источното дерби загуби буквално со звукот на сирената од Мајами, па шансата за поправен ќе ја бара во Њу Орленас. Мрежичките за непријатното гостување нема да сметаат на Дурант и Харден, па товарот ќе падне на Ирвинг, кој и тоа како е расположен сам да се надигрува со противниците.

Пеликаните во меѓувреме паднаа во мини-криза од три порази, па за да се вратат во победнички колосек, ќе треба да одиграат вонсериска партија. Претходниот дуел на овие две екипи сезонава нè научи дека треба да се очекува висок број поени, а за ноќеска потребно е двете екипи да постигнат повеќе од 117 поени, или вкупно повеќе од 233.

Предлог тип: >233,5 поени (1.95)

 

8436 Њујорк никс – Шарлот хорнетс (01:30ч)

Шарлот без својот новак Ламело Бол нема да може да ја прекине победничката серија на Њујорк, која засега стои на шест добиени меча во низа. Иако Никси се без триумф во последните пет меѓусебни дуели против Стршните, на лошиот учинок ќе му дојде крајот токму ноќеска, со оглед на тоа дека домаќините се фаворити за средбата.

Дури четири од остварените шест победи во низа на Њујорк се обезбеди во „Медисон сквер гарден“, каде што ќе се случи и падот на Шарлот.

Предлот тип: 1 (1.51)

 

8454 Портланд трејлблејзерс – ЛА клиперс (04ч)

Честите повреди на ѕвездите го спречија Портланд да биде константен сезонава, а ноќеска без Лилард тешко дека ќе остварат добар резултат против Клиперс предводен од Ленард и Џорџ.

Клиперси одржуваат одлична серија од шест последователни победи во меѓусебните дуели против Портланд, кој пак загуби шест од последните 10 меча во Лигата и е на прагот да претрпи ново разочарување.

Предлот тип: 2 двојна (2.35)

 

8433 Карл Ентони-Таунс (Сакраменто кингс – Минесота тимбервулвс, 04ч)

Првата ѕвезда на Минесота има мали проблеми со коленото, но тоа нема да го спречи да блесне против Кралевите од Сакраменто. Корпулентниот центар во претходните два меча играше под својот просек во поени, време му е да го покаже својот квалитет во рекетот, па се очекува да ги води Волците до сигурна победа.

Ентони-Таунс ужива кога игра против Сакраменто и редовно е меѓу најефикасните играчи во меѓусебните дуели, но ноќеска ни е потребен да биде најдобар поентер во целата средба со повеќе од 27 поени.

Предлог тип: Ентони-Таунс >27,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести