Рафиња е незапирлив и во дресот на Бразил, Винисиус утна пенал (Видео)

Бразил одигра само 1-1 на гостувањето кај Венецуела во дуел од квалификациите за СП 2026.

Кариоките поведоа со гол од слободен удар на сезонава супер разиграниот Рафиња во финишот на првото полувреме. За Бразил ова беше прв гол од слободен удар во мундијалски квалификации после пауза од 19 години, пред рафиња погоди Роберто Карлос.

На самиот старт на второто полувреме Венецуела израмни со гол на штотуку влезениот Сегивија. Јунак на Венецуелците е голманот Ромо кој при 1-1 му одбрани пенал на Винисиус. Ѕвездата на Реал Мадрид не погоди ни по одбиената топка која дојде кај него по нереализираниот пенал.

Бразил сега е трети во јужноамериканските квалификации по некомплетни 11 кола (ќе се играат 18 кола), а на СП директно одат шесте најдобри од тој континент.

Ова е голот на Рафиња, кој испадна дека е доволен само за бод:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести