Рафиња го виде Левандовски на вистинското место уште пред да стигне, Полјакот ја имаше полесната задача (видео)

Барселона не може да биде задоволна што води само со 1-0 против Валјадолид по првите половина час игра против Валјадолид, бидејќи играчите на Чави дури двапати ја погодуваа рамката од противничкиот гол, пред Левандовски да погоди за 1-0.

Прво Дембеле, а потоа и Левандовски шутираа во дирекот, но во 24-тата минута конечно се проби мразот. Рафиња доби топка на десната страна, изгради простор за нафрлување и испрати фантастична топка во простор до Левандовски, а овој рутински реализираше за водство на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести