Рафиња потпишува нов договор со Барселона

Сезоната сè уште трае и многу работи допрва ќе се решаваат, но раководството на Барселона веќе работи на подготовките за следната сезона. Спортскиот директор Деко и дел од управата на клубот вчера оствариле состанок со Рафиња.

Бразилскиот офанзивец е еден од главните играчи на Барса, а темата на средбата била можно продолжување на неговиот договор. Состанокот поминал позитивно, и се очекува наскоро формализирање на новиот договор меѓу двете страни.

Во клубот се многу задоволни од неговите игри и односот кон тимот, при што го сметаат за суштински дел од идниот проект. Рафиња досега во повеќе наврати се покажа како решавачки фактор на важни натпревари, нешто што управата особено го вреднува.

Во текот на оваа сезона, Рафиња одигра 51 натпревар за Барселона, при што постигна 30 голови и додаде 25 асистенции. Тој пристигна во клубот во 2022 година од англискиот Лидс јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести