Рахим Стерлинг на емотивен начин се прости од Манчестер сити (Видео)

Рахим Стерлинг во следните часови треба и официјално да стане нов член на Челзи, а напаѓачот сметаше дека има потреба јавно да му се заблагодари на неговиот досегашен клуб Манчестер сити. Стерлинг преку социјалните мрежи се прости од Граѓаните за кои од 2015 наваму даде 131 гол.

„Седум сезони, 11 трофеи, многу убави сеќавања. Имам голема почит кон сите што се поврзани со Манчестер сити, од тренери и соиграчи, до навивачи. Патот имаше подеми и падови, но тоа ми помогна да станам подобар. Во Манчестер дојдов како 20-годишно момче, а си одам како маж. Ми беше чест што го носев дресот на Сити“ – порача Стерлинг кој со Сините од Лондон ќе потпише петгодишен договор.

https://twitter.com/i/status/1547180376212119552

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести