Рајо ако победи вечерва во Севиља, ќе зависи сам од себе дали ќе игра во Европа

Вечерашниот натпревар помеѓу Бетис и Рајо Ваљекано од шпанската лига може да донесе дополнителен заплет во трката за местата коишто носат излез на европската сцена.

Во моментов Бетис е шести, Рајо 11-ти, а разликата помеѓу нив е шест бода. Но, ако вечерва на „Бенито Вилјамарин“ во Севиља победат гостите од Мадрид, на чиј гол е македонскиот голман Столе Димитриевски, тогаш Рајо и Бетис ќе станат соседи на табелата.

Квотата за победа на Рајо во Sport Life е дури 4.15. Во тимот имаат големи мотиви, бидејќи со евентуална победа над Бетис, би скокнале четири места нагоре на табелата, би биле седми, а седмото место носи квалификации за Конференциската лига на УЕФА. Ако победи Рајо, нема да зависи од другите дали ќе игра во Европа и ако ги добие и преостанатите четири меча до крајот на сезоната, сигурно ќе учествува во некое меѓународно натпреварување.

Од друга страна, математиките на Бетис се со победа да се зацврстат на шестото место и речиси сигурно да изборат место во групната фаза од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести