Рајо и Столе прават чудо кое нивните навивачи не го виделе 45 години

Екипата на Рајо Вајекано синоќа со 2:0 ја победи Алмерија, а македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше одличен и повторно успеа да ја заштити својата мрежа во сите 90 минути.

По овој триумф, Рајо стигна до 32 бода од 20 кола и сега е на петтото место на табелата, веднаш зад Атлетико Мадрид, кој има три бода повеќе од локалниот ривал.

Ова е само вторпат во клупската историја Рајо Вајекано по 20 одиграни кола да има освоено 32 бода. Тоа претходно се има случено во сезоната 1977/78 година, односно точно пред 45 години.

- Оглас -

Најнови вести