Рајо оддалечен од финалето на шпанскиот куп

Рајо Валјекано, за кого Столе Димитриевски бранеше цел меч, загуби дома од Бетис со 1-2 и ќе има големи потешкотии да се најде во своето прво финале во Купот на Шпанија.

Добро за Рајо е што головите во гости не се бројат при евентуално нерешен исход по двата меча, па Рајо ако слави на реваншот во Севилја на 3 март, на пример, со 1-0, ќе има продолженија.

Мадрискиот тим одлично отвори и поведе, но Бетис успеа двапати да го совлада Димитриевски и да дојде на чекор од финалето.

- Оглас -

Најнови вести